Стојановски: За четири години Владата го зголеми долгот за 2,4 милијарди евра
На расипничко трошење на народните пари на владината коалиција му нема крај.
За жал ова е уште една изгубена година за Република Македонија. Парите на граѓаните ќе завршат кај криминалците од власта, а за народот ќе останат само долговите, повисоките сметки и сиромаштијата.
За само 4 години, долгот на Република Македонија оваа Влада го зголеми за нови 2,4 милијарди евра односно на 63% од БДП. Од кога е СДСМ на власт, годишно се задолжуваме за нови 600 милиони евра. Вакво неодговорно однесување не е забележано досега во историјата на државата.
Ветуваа живот за сите, а испорачаа живот кој е се’ поскап, цените се’ повисоки, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Основните прехранбени продукти се поскапени за 10-тина проценти во последниве месеци и години.
Како одговорни пратеници во текот на амандманската расправа поднесовме бројни амандмани со кои сакавме да истакнеме три приоритети:
– Заштита на здравјето на граѓаните;
– Стимулирање на економијата преку капитални инвестиции;
– Спречување на расипничко трошење на народните пари;
Жалиме што власта не собра храброст да прифати амандмани за набавка на 20 противпожарни возила, за амбулантни возила, за финансиска помош за текстилната и кожарската индустрија, за враќање на средствата на граѓаните кои се вакцинираа во земји од соседство и многу други амандмани кои суштински ќе направеа разлика и ќе го подобреа животниот стандард на граѓаните.
Македонија е најзадолжена во историјата, а последиците од ова недомаќинско работење ќе ги почувствуваат и сегашните, но и идните генерации.
Ова е доказ дека власта се води од мотото, купи ден – помини, без нималку грижа за последиците.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа