Стојановски: Состојбата на повредените пациенти во ГОБ „8 Септември“ е стабилна
Состојбата на повредените пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани сместени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје е стабилна однос на виталните параметри. Заедно со тимовите од специјализираните центри од странство се изведуваат операции за отстранување на изумреното ткиво оштетено од изгорениците и давање простор тие рани полека да почнат да зацелуваат, информира директорот на ГОБ „8 Септември“ Синиша Стојановски.
На денешната прес-конференција во Владата посочи дека утрово хируршки се третирани 15 пациенти, а се планира во текот на денов да се изврши таква интервенција кај уште тројца пациенти.
-Во овие неколку денови не само што се мониторираше потенцијалното влошување на пациентите, мораа и да се санираат и повредите на оние пациенти кои не беа критични во прва фаза, ниту беа во живото загрозувачка состојба. Процесите на тријажа и мониторирање на пациентите и прераспределба согласно на тежината на нивната клиничка слика одеа паралелно. Мора во континуитет и да се прави преврска на раните и да се гледа она ткиво кое е изумрено да се отстранува за да се даде простор раната полека да почне да заздравува. Токму во таа насока се и оперативните интервенции, рече Стојановски.
Интервенциите, како што кажа, се прават како резултат на екстензитетот, односно големината на процентот на телото кој што е зафатен со изгореници, а не затоа што се во живото загрозувачка состојба.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка