Стојанов се закани со одземање на пасошите на жителите на Пустец кои нема да се попишат како Бугари
Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов се закани со одземање на пасошите на сите жители на Пустец, доколку не се попишат како етнички Бугари на пописот.
До сите жители на Пустец, ако не се пишете како етнички Бугари на пописот, ќе ви се одземат пасошите, а ако сте во процедура за пасош ќе биде прекината, напиша на својот фејсбук-профил Виктор Стојано, претседател на бугарската фондација Македонија кој во последно време беше многу активна меѓу Македонците во Бугарија.
„Веќе имаме еден таков случај. Помислете“, напиша Стојанов на својот фејсбук-профил.
Во Албанија во тек е пописот на населението. Бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации во овој период беа многу активни меѓу Македонците во Албанија обидувајќи се да ги убедат дека се Бугари. Се ветуваат пасоши, стипендии, бесплатно школување во Бугарија, но и работа.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот