Стојаноска: Од заразените во Македонија 12 проценти се лекари и тоа поради несоодветна заштита
Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, поради ситуацијата со корона вирусот, е во постојано заседавање.
За жал, дојдовме до една неповолна статистика за Македонија. Државава е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот, по број на жители.
Пред нас е само Хрватска или таму има 102 заразени на милион жители, потоа следи Македонија со 88 заразени на милион жители. На третото место е Црна Гора со 83 заразени на милион жители, на четврто е Грција со 71 заразен на милион жители, на петто е Албанија со 55 заразени на милион жители. По ова следат Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Турција.
Од заразените во Македонија, 12 проценти се лекари, и тоа поради несоодветна заштита.
Прво, сите здравствени работници да имаат доволна количина на заштитни материјали.
Второ, да се подготви Бел план за здравствените институции во земјава, за да се подготват за најлошото сценарио. Овој План значи зголемување на капацитетите и разработено сценарио при ескалација на состојбата.
Трето, масовно тестирање на ризични групи, на повратниците од дијаспората, тестирање на младите преку тестирање на репрезентативен примерок од оваа група, редовно тестирање и планска заштита на лекарите и здравствените работници.
Четврто, организирање на карантини со соодветни услови.
ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за сите медицински и здравствени лица.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи повеќе заштита.
Владата мора да обезбеди соодветни ресурси за заштита на медицинските лица. Мора да се обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!
Ново на Сител
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот