Стојаноска: Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Почитувани,
Неспособноста на Венко Филипче и владата се плаќа со здравјето на граѓаните.
Доцната реакција на надлежните институции резултираше со голем број на лица кои се во изолација. Меѓу нив се и лекари.
Мерките со кои секојдневно се фалеше Филипче на прес конференции се покажа дека се фарса и се спроведуваат половично.
Прво, нема соодветна контрола на граничните премини и на двата аеродрома за рано предупредување за заболени од корона вирусот. Ако имаше, тогаш немаше вирусот да се шири секојдневно и тоа од луѓе кои допатувале од кризните држави зафатени со епидемија на корона вирусот.
Второ, недозволиво е што директорката на Клиниката за дерматологија се однесувала неодговорно. По откривањето на постоењето на вирусот според наши сознанија направен е обид за премолчување на вистината и притисок да не се дознае во јавноста, што е навистина скандалозно.
Со несовесно однесување, по направени серија на пропусти Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните. Потребна е одговорност и поднесување на оставка.
Владата заедно со стручните колеги од министерството да ги преземе следните мерки кои ги бараме:
1.Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст
2.Строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со корона вирус,
3. Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подготвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица,
4.Надлежните институции, Центарот за управување со кризи, Државниот здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување.
Дилетантскиот пристап на Филипче го загрози здравјето на граѓаните. Потребни се мерки кои ќе дадат резултати.
Ви благодарам на вниманието
Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
