Стојаноска: Да купуваме македонски производи за да ја спасиме нашата економија
Пандемијата со корона вирусот ја стави Македонија пред уште еден предизвик. Да го победиме вирусот, но и да ја пребродиме економската криза. Македонските работници повторно се пред опасност за губење на работните места. Македонските компании се повторно пред опасност од затворање. Ние Македонците знаеме што значи тоа, знаеме што значи затворени погони, затворени фабрики и илјадници работници на улица, без работа и без плата.
Да го превенираме економски колапс, затоа што само самите го можеме тоа. Да го превенираме економското пропаѓање на државата, затоа што закрепнувањето на економијата ќе биде болно и долгорочно. Можеби и повеќе и подолго од справувањето со пандемијата.
Пред безидејноста на власта за вистински, современи мерки, сега секој еден од нас е одговорен за да помогне во спречувањето на економската катастрофа. Сите ние сме дел од тој круг. Сите сме дел од трговијата и движењето на капиталот. Со изборот при купување, секој од нас прави избор кон спас на македонската економија, за спас на македонска компанија, спас на работно место за македонски работник. Ние, сите заедно, тоа го можеме. Едноставно купувајте македонски производи, производи со знакот за квалитет, за да продолжат со работа нашите компании, за да има работа за македонските работници.
Купувајте паметно. Купувајте македонски производи, затоа што ја сакаме Македонија.
Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Влада: Растат платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста
-
МФ: Усвоена дополнета Среднорочна програма за стоковните резерви – ќе се складираат 1300 тони ориз со кои се покрива 60-дневна потрошувачка
-
Трамп нареди блокирање на законот за животна средина и сузбивање на климатските промени
-
Посебен сообраќен режим во Скопје поради посетата на претседателката на словенечкиот Државен збор
-
Генерален штрајк во Грција
-
Најмалку 20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северна Кина
-
Продолжуваат судењата против Мерко за набавката на аудито и за поставената плоча на влезот на општинската зграда
-
Почнува Делфи економскиот форум во Грција, утре учество на министерот Муцунски