Loading Video...
Ракомет
14. April 2018 - 13:53

Стоилов: Нема да дозволиме Загреб да го однесе трофејот од Скопје

Екипите на Вардар и ППД Загреб ќе играат во финалето на регионалната СЕХА лига.

Ова е исходот по одиграните дуели од полуфиналето на завршниот Ф4 турнир што се одржува во СЦ Јане Сандански во Скопје во кои актуелниот првак Вардар лесно со 33-24 го совлада Мешков Брест, додека ППД Загреб со 29-28 беше подобар од словенечкиот тим Цеље. 
 
Така Вардар и  Загреб кои се единствените два тима кои учествувале на сите седум завршни турнири, втор пат ќе се судрат во финалето. 
 
„Ова е вторпат да играме со Загреб во Скопје, првиот пат не успеавме да победиме и имавме лошо искуство, но сега ќе ја израдуваме публиката и ќе го одбраниме трофејот. Загреб добро го знаеме, играме меѓусебе подолго време и во вакви натпревари секогаш клучни се моменталните желба и мотив“, изјави Стоилов.
 
Пред пет години (2013) исто така во Скопје Загреб  по продолжение славече победа со 25:24 и ја освои единствената титула досега во СЕХА конкуренцијата во која вардарци има три шампионски трофеи. 
 
Финалниот меч меѓу Вардар и Загреб ќе се игра утре од 20.15 часот, а претходно од 17.45 часот во меч за 3.место ќе играат