Стоилковски: Закани по животот на децата на Мицкоски, МВР да реагира
Закани по животот на децата на Мицкоски во ситуација кога тој посочува на притисоци, МВР на Оливер Спасовски молчи, невладините оние до владата никаде ги нема. СДС се исплашени и нервозни, губат поддршка кај јавноста, притиснати од скандали применуваат кон закани и заплашувања, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање за заканите кои беа упатени до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Стоилковски потенцира дека заканите ниту ќе го исплашат ВМРО-ДПМНЕ, ниту ќе го замолкнат, а уште помалку ќе го поколебаат.
- Закани кон лидер на опозицијата и неговото семејство се недозволиви. МВР мора да реагира, Оливер Спасовски не смее да се сокрива како и досега во случаи на закани, а гласност бараме и од граѓанските организации коишто беа гласни за правото и правдата и борбата со криминалот и насилството. Ова мора да има крај, истакна Стоилковски.
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?