Стоилковски: За Ковачевски не се важни пациентите, туку спасот на Груби
Додека нема лекови и болни умираат, аѓутантот Димитар Ковачевски за да го спаси Артан Груби, го заложи здравството и половина клиники!
За мирот на Груби, Ковачевски во залог даде директорски места на половина клинички центар!
Само за трговија за спас на Груби,
Нови директори добија:
Клиниката за неврологија,
Клиниката за онкологија,
Клиниката за дерматологија.
Клиниката за гинекологија, Клиниката за офтамологија.
Заради Груби, нов директор има и клиниката Козле,
А, директор добива и Здравствен дом Скопје.
Толку директори на клиники не се сменети ниту заради несреќи, ниту заради починати пациенти, ниту заради немање на медицински материјали, тендери, скандали, криминално коруптивни ужаси, ниту заради лоши услови или незадоволни медицински членови на персоналот!
За Ковачевски, почитувани, не се важни пациентите туку спасот на Артан Груби.
Ковачевски смени директори и на Фондот за пензиско, и на Македонски пошти, среде најголемата енергетско економска криза, се тргува и со директор на МЕПСО!?
Но, што е тоа во замена за кариерата на Груби во владата на ДУИ, во која Ковачевски е аѓутант?
Се, само за Груби да продолжи да си игра фудбал во канцеларија!
Почитувани, единствена цел на СДС сега е продолжување на рокот за крадење, на тендери, на злоупотреби и криминал. Цената којашто за тоа ја плаќа народот е преголема.
Ново на Сител
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки
-
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево
-
Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП
-
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари
-
Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
-
Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче
-
На територијата на земјава активни три пожари
-
Сопруга пријавила кавадарчанец за физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило