Стоилковски: Мостот Беласица во најкус рок да е безбеден и во функција
Власта дава 200 милиони евра за незакована шајка, а Скопје ќе го остави цела година без мост во центарот?
Дали на СДС и миленичката Данела, им треба цела година за крими бизнис договор за ќарот од мостот?
Недозволиво е коалицијата СДС и Данела Арсовска по сите редовни средби да го остават Скопје без уште еден мост!
Во исто време кога се плаќаат над 200 милиони евра за незапочнат проект и за пенали, Скопје ќе го остават цела година без мост!
Во исто време кога ќе плаќаат дивоградби како легални, изграден мост, по ист принцип да не биде поврзан со Скопје.
Почитувани две години граѓаните ги кршат автомобилите од мостот Близнак кон Автокоманда, новиот мост кај салата МЗТ проектиран од ВМРО-ДПМНЕ не се пушта во употреба, а сега и мостот „Беласица" е затворен!
Половина Скопје, од Центар до крајот на Скопје нема нормален мост! После мостот кај МАНУ, следен е мостот кај Јурумлери!
Почитувани, јасно е, Скопје и скопјани ќе трпат, се додека крими - бизнис партнерите не договорат кој ќе земе процент!
Секој ден одложување на санација на мостот Беласица, но и пуштањето на новиот мост, е криминален резултат на Данела и директорите од СДС, од ДУИ и од Левица!
Повикуваме на одговорност на коалицијата Арсовска-СДС доколку мостот во најкус можен рок не биде безбеден и ставен во функција!
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки