Стоилковски: Како директор на Онкологија извадил документ за канцер за мајка си, уште колку заведени со фалсификат има
И овој 8-ми Септември за жал минува во сенка на грозоморие со човечки жртви, предизвикано од криминал, корупција, самоволие, алчност и нечовечност на крими-партнерите во владата!
Почитувани,
Онкологија поседува КАТО систем од 2016-та година и има обучен персонал за него. Систем вреден тогаш 350.000 евра.
2017-та година, СДС ја презема власта, го поставува својот Нино Васев за директор, а тој го укинува, исклучува, затвора системот, според медиумите, „ќе заштедел на ќеси“!?
Оттогаш почнува криминалот на штета на пациентите, со допишување фиктивни пациенти, продажба на лекови. Криминалот е толкав што директор на Клиниката вади документ со лажна дијагноза - за рак на бели дробови на име на мајката. Па, како се вади лажна документација за канцер? Колку такви пациенти се запишани? Што се се случува на Онкологија?
Почитувани,
КАТО системот ги чува цитостатиците, ги дозира онколошките терапии за секој пациент посебно, без шанса да се манипулира со дозите и терапиите, секој цитостатик го искористува до максимум и подготвен останува во фрижидерот стабилен за употреба дури до 28 дена, посочуваат познавачите. Дозирањето е прецизно и безбедно, без загуби, без токсични труења на медицинскиот персонал!
Значи и без можност раце, за крадење и ставање вода на пациенти за лекот да заврши на црн пазар!
Значи 6 години КАТО е исклучен, со години се укажува на криминалот, има случаи на фатени кражби и продажби, се менуваат директори, ама никој - баш никој, ниту владата, ниту министер, ниту доктор, ниту обвинителство, не прашува зошто КАТО системот стои исклучен кога е купен, и не се враќа системот во употреба!?
И сега откако грозоморието со трговија со животи на Онкологија излезе во јавност, на министер за здравство му текна дека има систем што спречува крадење, па ќе се обидел да го вклучи!? И потоа шета меѓу пациентите дека сега, ама сега, се било во ред!?
Почитувани,
Ова кажува само две работи - гајле им е за пациентите, гледаат да се спасат од одговорност, а одговорни се сите до еден!
И второ, бегајќи од одговорност имаат отворена можност да вршат влијание врз истрагата и оформувањето на предмет со вистинска содржина.
Почитувани,
Само избори се спасот!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ - Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан