Стоилковски: Издадена е наредба за мое присилно приведување
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на Фејсбук информираше дека е издадена наредба за негово присилно приведување. Според него, се работи за чист притисок и обид за заплашување.
„Внимавајте, без наредба за претрес да влезат во домот, но и во други простории за присилно да ме приведат. „Огласот” за нова Кацарска е отворен, па удри колку можеш! На нозе утрово беше дигнат цел полициски вод! Дома, на работа, низ Скопје! Како да сум убиецот од Смилковско. Како да сум убиецот на Мартин Нешковски. Како да сум оштетил буџет, земал местени тендери и пари од фондови, сум дал лиценци на брат на 30 години, како да перам пари од Панама, дрпам од набавка за систем Леонардо, или тендераш ми гради куќи на водно, или сум снимен директор како ставам снопче пари во чанта, делам фабрики за марихуана …!? Или пак кај мене завршија парите од „Рекет“, па трошам без покритие, за вили во Грција или скапи станови и мотори?“, напиша Стоилковски.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска