Стоилковски: Филипче гради споменик на рекетот и корупцијата
Почитувани, Венко Филипче се уште е министер и се уште реди рекетарско коруптивни скандали. Тоа е незаменливиот министер на Зоран Заев и на актуелното рекетарското здружение на власт!
Им пречи таблата на Рашела Мизрахи, а не им пречи Касарната зад мене на Филипче.
Венко Филипче за две години има повеќе крими афери на број од болници и медицински установи во Македонија. Венко Филипче е споменуван во секој рекетарски скандал во Република Македонија.
Венко Филипче и милионите евра преку тендери го опустошија македонското здравство.
Венко добива огромна палата на скопско Водно, на атрактивна локација, изградена од добитник на 7 милиони евра тешки тендери во здравството доделени токму од Филипче.
Ако ова не е корупциски скандал јас не знам што е, ама Венко е незаменлив. Рекетарската Екипа не го дава.
Оваа Касарна на Филипче е резултат на крвавите тендери, набавки ќерка-татко, набавки на инсулини, палење на здрав инсулун, затворањето на детска кардиохирургија, рекетирањето на „Диамед“, криминалот со штипската болница за која сега се бара дополнителни 7 милиони евра.
Ете затоа е таа неказнивост и незаменливост на Филипче, за течење на криминалот и рекетот на Октоподот на Зоран Заев.
Зад мене тука на Водно, Венко Филипче гради споменик на рекетот и корупцијата, споменик на неказнивоста и октоподот на власт, споменик на мафијата која што си доби држава. Споменик на криминалот и корупцијата на хибридната власт којашто ја оценуваат меѓународните институции.
Ова е споменикот на Венко за Заев, за Спасовски, Мила, Рада, Кики и Фрики, сето рекетарско здружение, кое што ќе падне на 12 април и ниеден донесен закон на сила нема да ги спаси.
Одговорност ќе има! Заев и СДСМ никогаш повеќе!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди