Стоилковски: Дали Ковачевски и Арсовска договарале провизија на средбата од набавката на нафта од фирма на пратеник од власта?
Резултат на тајните средби на Ковачевски со Данела Арсовска е целосен колапс на сообраќајот во Скопје денеска. Јавниот превоз крахира, скопјани се нервозни, а причината за тоа е тендер коалицијата Арсовска со Ковачевски.
Хаосот во Скопје е резултат на тајните средби на кои што Ковачевски и Арсовска се договарале за тендер на којшто нема попуст од 6 денари за литар, 900.000 евра годишно, токму пари колку што треба да се исплати долгот и да нема протест денеска!
Суштината е следна:
Тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Доколку би имало попуст од 6 денари, којшто бил практика во досегашните набавки на ЈСП, тоа се 1.400.000 евра заштеда. А, таа сега ја нема. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта.
Па, почитувани, јавноста заслужува одговор дали на тајната средба што ја призна Ковачевски, е договаран процент на провизија кој што треба да се исплати во приватни џебови и затоа нема вообичаен попуст каков што имало десетина години претходно за ЈСП.
Дали е точно дека попустот којшто ЈСП го договарал со набавувачот на нафта, попуст којшто сега го нема во договорот, наместо за пари за превозниците, ќе заврши во џебот на сметководител од Ѓорче Петров во Скопје, близок до Данела Арсовска, којшто во позадина управува со ЈСП?
Дали е точно дека за сите матни тендери провизија договара и едно блиско лице роднина на Данела Арсовска?
Почитувани,
Сообраќајот трпи штета, ЈСП трпи штета, приватните превозници трпат штета.
Поводот е јасен - тендери и пари!
Пари се причината да не се седне на маса, да не се бара решение со превозниците, затоа Арсовска не ја интересира Скопје. Ја интересираат тендерите и во Ковачевски си најде партнер за тоа! Не ја интересира Скопје, ја интересираат тендери за гориво, ја интересираат резервни делови за автобусите! На чело на ЈСП постави човек од СДС, има тајни средби со Ковачевски, а 27 милиони евра тежок тендер за ЈСП го добива пратеник од СДС!
Почитувани,
Скопје не може да издржи уште еден себичен, криминоген тендераш миленик на СДС. Скопје тоа навистина не го заслужува!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење