Стоилковски: Бараме министрите, замениците министри, директорите, членовите на управни и надзорни одбори да работат без пари, ќе се заштеди 2,5 милиони евра месечно
Имаме конретен предлог до владата за штедење.
Платите на министрите се движат од 70 до речиси 90 илјади денари месечно, нето износ. Дополнително се одлеваат милиони денари народни пари за репрезентација на месечно ниво. Бараме министрите, замениците министри, директорите, и членовите на управни и надзорни одбори да работат без пари, про боно со што ќе се заштеди 2.5 милиони евра месечно.
Ја повикуваме лично и министерката за правда Рената Десковска и СДСМ ако навистина сакаат да помогнат тогаш да се откажат целосно од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата со корона вирусот.
Дополнително освен што треба да работат про-боно, нека се откажат и од привилегиите кои одат со функциите како службени возила, мобилни телефони и репрезентации кои ги прават и плаќаат со народни пари.
На тој начин дури 2,5 милиони евра месечно би се заштедувале и истите средства би се намениле и релоцирале во оние сегменти кои се неопходни за заштита на стандардот на граѓаните, но и за директно справување со корона вирусот. Повторувам само по овој основ 2,5 милиони евра би се заштедиле.
Наместо кратење на плати на работници, да нема плати за министри и функционери. Ако навистина, а не лицемерно го мислат тоа што го кажуваат, тогаш нека почнат функционерите од СДСМ со свој личен пример да го помогнат народот. Еве министерката Дескоска очекуваме да го направи првиот чекор, исто како и Претседателот на Владата Оливер Спасовски.
Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање