Сто години од раѓањето на Волче Наумчески
Стогодишнината од раѓањето на македонскиот писател Волче Наумчески ќе биде одбележана утре во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
За животот и делото на Наумчески ќе зборува проф. д-р Васил Тоциновски.
Наумчески е роден на 18 јануари 1916 година во Прилеп, а починал на 20 март 1980 година во Скопје. Објавил повеќе стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно знаме“, „Седумдесет цветови“ и многу други.
Во 1934 година се зачленил во читалницата „Трезвена ложа“. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“. Во 1939 година му е објавена првата стихозбирка „Иди пролет“, печатена во Битола.
Во 1940 година бил мобилизиран во војската на Кралска Југославија. За време на окупацијата бил заробен и одведен во Бугарија. По враќањето во Прилеп активно учествувал во револуционерното движење во градот, а за време на октомвриското востание бил непосреден учесник.
За своите залагања во НОВ е одликуван со Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот. Од областа на литературата добитник е на наградата „11 октомври“ за животно дело.
Ново на Сител
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа