Стјуарт Хезелдин ќе снима филм по книгата „Колиба“

Книгата „Колиба“ на Вилијам Пол Јанг, која ги урива сите рекорди на продажба, наскоро ќе биде преточена во филм, кој ќе го режира Стјуарт Хезелдин.
Според најавите од Холивуд, во улогата не Мек ќе се појави ѕвздата на филмот „Аватар“, Сем Вортинго, додека Господ ќе го толкува оскаровката Октавија Спенсер.
Книгата е говори за девојчето Миси кое е киднапирано за време на летување со нејзиното семејство. Сите докази на истргата укажуваат дека Миси најверојатно е убиена во една напуштена колиба во планинските предели на Орегон.
Но, по четири години нејзиниот татко Мек добива сомнителна порака во која некој, кој навидум е Господ, го повикува да оди во колибата. Наспроти својот здрав разум, Мек оди во колибата каде се потсетува на својот најголем кошмар, но она што ќе го види таму засекогаш ќе го промени неговиот живот.
- Во свет во кој религијата е се помалку важна „Колиба“ се соочува со безвременското прашање: Каде е Господ во овој свет исполнет со неизморна болка? Одговорите до кои ќе дојде Мек се запрепастувачки и можеби ќе ги преобратат читателите, како што го преобратија него, се вели во соопштението на издавачот на „Колиба“.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
