Стивен Биган именуван за заменик државен секретар на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше специјалниот претставник за Северна Кореја, Стивен Биган, ветеран на американската надворешна политика, за следен заменик државен секретар.
Неименуван американски функционер кажа дека Биган ќе ги задржи своите задолженија во дипломатијата со Северна Кореја.
Тој ќе го замени Џон Саливен на втората позиција во Стејт департментот. Британските медиуми пренесуваат дека Саливен е именуван за нов амбадсадор во Русија.
Номинацијата на Биган ужива широка поддршка меѓу високите дипломати, а тој се смета и за најсоодветниот кандидат за наследник на државниот секретар, во случај Мајк Помпео да одлучи да се повлече од функцијата и следната година да се кандидира за место во Сенатот.
Биган (56) ги водеше разговорите со Северна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, што од февруари се во застој по вториот неуспешен самит меѓу Трамп и Ким Џонг-ун во Ханој.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро