Стив Бенон обвинет за непочитување на Конгресот
Поранешниот политички стратег на Трамп, Стив Бенон, е обвинет за непочитување на Конгресот, откако одбил да сведочи за бунтот во американскиот Капитол.
Тој беше повикан да сведочи за она што го знаел за немирите, јави Би-Би-Си.
Неговите адвокати тврдеа дека неговите комуникации, во кои е вмешан и поранешниот американски претседател, биле заштитени.
Бенон сега може да се соочи со една година затворска казна и парична казна од 100.000 долари.
Комисијата на Претставничкиот дом на САД што ги истражува немирите што се случија во Капитол на 6 јануари годинава едногласно го поддржа гласањето за непочитување на судот во случајот на поранешниот главен помошник на Трамп, поради непочитување на процедурите на Конгресот.
Тој беше повикан да сведочи пред истражната комисија на Конгресот, но тој одби.
Ново на Сител
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
