-->
-->
Стерлинг не сака да игра под водство на Роџерс
-->

Фудбалскиот репрезентативец на Англија, Рахим Стерлинг, ќе остане во Ливерпул под услов менаџерот Брендан Роџерс да го напушти клубот, пренесува Mirror.
Стерлинг му бил на лут на Роџерс, бидејќи го прекршил ветувањето и во јавноста ги изнел деталите од разговорот чија тема била продолжувањето на договорот на 20-годишниот напаѓач и интересот на Манчестер Сити.
Младиот играч по објавувањето на интересот на Манчестер Сити, стана цел на навивачите и добил околу 2.000 заканувачки пораки.
Стерлинг минатата седмица му соопшти на клубот дека нема да патува на турнејата во Австралија и југоисточна Азија и дека не сака да игра за Ливерпул додека менаџер е Роџерс.
Рахим Стерлинг во Ливерпул пристигна во 2011 година, а минатат сезона за ‘црвените’ одигра 47 натпревари и постигна 11 голови
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
