Стејт департментот: САД ја поддржува воената интервенција во Гамбија
САД ги поддржуваат воените дејствија во Гамбија на нејзините западноафрикански соседи во поддршка на новоизбраниот претседател Адама Бароу, соопшти Стејт департментот.
Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, истакна дека е важно да се стабилизира тензичната ситуација во Гамбија.
Во соопштението на полковникот Абду Ндиаје не се прецизира за какви удари станува збор, единствено се наведува дека на располаѓање се копнени, воздушни и поморски ресурси.
Претставникот на ЕКОВАС, Марсел де Соуса, изјави дека воената операција во Гамбија е привремено запрена.
-Целта на запирњето, наведе Соуса, е да му се дадат уште неколку часови на досегашниот гамбиски претседател Јахја Џамех да му ја предаде власта на Бароу.
Крајниот рок за тоа е денеска околу пладне.
Соуса истакна дека не може да му се даде право на Џамех да продолжи да управува, како и дека ако посредничките напори резултираат со успех, Џамех ќе може да се избере земја, каде ќе отиде во егзил.
Претставникот, исто така, нагласи дека земјите од регионот се подготвени да го разгледаат прашањето за евентуална амнестија, доколку биде склучен договор за предавање на власта по мирен пат од страна на Џамех.
Претседателот на Гвинеја Алфа Конде ќе ја предводи последната посредничка мисија за решавање на ситуацијата во Гамбија, соопшти ЕКОВАС.
Во составот на делегацијата ќе бидат и претседателите на Либерија и Мавританија, како и претставник на ОН.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп