Свет
20. July 2017 - 10:36

Стејт департмент: Светот и натаму во опасност од тероризмот

Поради воениот притисок на екстремистие од „Исламска држава“, Европа во 2016 година беше цел на масовни терористички напади, а голем број држави-членки на ЕУ известуваат за значително зголемување на стапката на повратници на екстремисти од воените подрачја во Сирија и Ирак, се наведува во најновиот годишен извештај на Стејт департменот.

Меѓу организациите и натаму виновник за најмногу напади е ИД, чии приврзаници минатата година извеле напади во повеќе од 20 земји, се наведува во извештајот за тероризмот во светот, пренесува „Слободна Европа“.

И покрај активностите на Иран, ИД во Ирак, Сирија, Авганистан и Пакистан, екстремистите од Боко Харем и Ал Шабаб во Африка, вкупниот број терористички напади во светот лани е намален за девет отсто, односно на 11.072 напади во однос на 11.774 терористички напади во 2015 година.

За 13 отсто минатата година е намален борјот на смртни случаи во терористичкие напади, од 28.328 на 25.621, се наведува во извештајот.

„Се верува дека околу 30 отсто од терористите со потекло од државите членки на ЕУ се вратиле, иако вкупниот број на оние кои заминале на боиштата, а кои се од западно-европските и балканските земји, значително се намалил во 2016 година во однос на претходната година“, се наведува во извештајот.

Кога се во прашање земјите од Западен Балкан, во извештајот се констатира дека македонските власти проценуваат оти членови и симпатизери на ИД и натаму има во оваа држава.

Стејт департментот потсетува дека Македонија во 2016 година спроведе три значајни противтерористички операции, од кои едната била во координација со властите во Албанија и Косово, што доведе до апсење на 23 лица во Албанија, Косово и Македонија.

Национална стратегија за борба против тероризмот во Македонија постои, но не постои посебна национална стратегија за спречување на насилниот екстремизам, се констатира во извештајот.

Во него се наведува и дека Србија е во слична ситуација како и другите држави од Западен Балкан, бидејќи се наоѓа на историската транзитна рута меѓу Блискиот Исток и Западна Еврпа, на таканаречената „балканска рута“, преку која се шверцуваат оружје, наркотици и луѓе.

Властите во Србија се алармирани дека меѓународни тетористи е можно да се во земјата и да преминуваат преку нејзината територија, а Владата соработува со соседните држави на унапредување на безбедноста на границата и размената на информации, оценува Стејт департментот.

Заканата од исламските екстремисти во Косово е зголемена, делумно финансиски поддржана од странски организации кои проповедаат екстремистичка идеологија и насилни екстремистички групи кои активно ги користат социјалните мрежи за ширење пропаганда и регрутирање следбеници.

Од Косово во Ирак и Сирија заминале 315 лица да се борат на страната на ИД или Ал Нусра фронтот (Огранок на Ал Каеда во Сирија), од кои се убиени 58, се наведува во извештајот. Во него се дополнува и дека косовската Влада спроведува опсежни мерки за сузбивање на тероризмот.

Власите во БиХ ги зголемиле „антитерористичките капацитети“, но „насилната исламистичка екстремистичка идеологија и регионалните националистички екстремистички групи“ и натаму се потенцијални извори на насилен екстремизам во таа земја, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

БиХ и натаму нема способност за темелни истраги и процесуирање на случаи на тероризам и терористи, иако повеќето постапки довеле до осудувачки пресуди, сепак казните се неадекватни, се наведува во извештајот. Во него се вели дека во оваа земја недостасува координација и соработка меѓу институциите, што е резултат на личните, политичките и институционалните ривалитети меѓу агенцијата за спроведување на законот и Државното Обвинителство.

Кога е во прашање тероризмот во остатокот од светот, заканата и натаму е присутна, а како држави кои го финансираат тероризмот наведени се Иран, Судан и Сирија.