Стејт департмент: САД ќе воведат санкции кон Русија и Северна Кореја за какви било нови договори за оружје меѓу нив
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нема да се двоуми да воведе дополнителни санкции за Русија и Северна Кореја доколку склучат какви било нови договори за оружје меѓу себе, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент, цитиран од британските медиуми.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер ги даде предупредувањата на прес-конференција како одговор на прашањата на новинарите за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
-Веќе презедовме голем број активности за да ги санкционираме организациите кои посредуваат во договори за оружје меѓу Северна Кореја и Русија и нема да се двоумиме да преземеме дополнителни активности доколку е потребно, рече Милер.
Според портпаролот, причина за загриженост е тоа што Русија и Северна Кореја разговараат за поширока соработка што може да ги прекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
-Ако го погледнете она што се чини дека е засилена соработка и веројатна размена на оружје, тоа е многу вознемирувачко и потенцијално би прекршило повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН, резимира Милер.
Ново на Сител
-

Во Берово утрово најстудено, -4 степени
-

Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините
-

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година
-

Без струја село Јаболци и Горно Нерези
-

САД и Украина се договорија за изменет нацрт на мировниот план, Рубио оптимист
-

Министерката Јаневска ќе ја претстави стратегијата за образование 2026-2032
-

Почнува ноемвриската пленарна сесија на Европарламентот
-

Тројца убиени, 15 повредени во руски напади со дронови врз Харков
