Стејт департмент: Корупцијата пречка за воспоставување ред во Албанија
Американскиот Стејт департмент во својот извештај за 2015 година наведува дека корупцијата во комбинација со албанскиот правосуден систем, кој слабо функционира, продолжува да ги попречува напорите за восоставување ред на целата територија на Албанија, јави дописникот на МИА.
Во поглавјето за тероризам во годишниот извештај се оценува дека Албанија е поддржувач на напорите за борба против тероризмот во 2015 година и го продолжила учеството во глобалната коалиција за борба против ИД.
Исто така се додава дека Албанија донирала големо количество оружје и муниција за силите во северен Ирак.
- Кога станува збор за легислативата, Албанија предвидува казни за терористички акти, финансирање тероризам, собирање, трансфер и прикривање фондови за финансирање тероризам, трансакции со лица кои се на листата на санции на ОН, регрутирање и обука на лица за вршење трористички акти, поттикнување, предводење и учество во терористички органзации, се истакнува во извештајот.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат