Стефковски: Првото родено бебе во Гази Баба е женско, подарок 20.000 денари од општината
Првото родено дете во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско.
За таа цел, денес градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја посети клиниката за Гинекологија и акушерство каде што ја посети мајката.
За посетата, градоначалникот информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Се роди првото бебе во општина Гази Баба. Првото бебе родено во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско! Утрово на клиниката за Гинекологија и акушерство ја посетив мајката Џелјан Сејди од Страчинци која роди четврто женско дете. Општина Гази Баба на мајката која го роди првото бебе во 2024 година и доделува еднократна парична награда во висина од 20.000 денари. Посакувам во новата година да се родат многу дечиња, а општината ќе биде тука да создава услови за безгрижно детство“– напиша Стефковски.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија
-
МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
-
Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД
-
Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години
-
Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија
-
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
-
Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози