Стефковски: Недозволиво е дете да ја напушти градинката, Тренчевска да реагира
По информацијата дека дете само напуштило градинка во Автокоманда се огласи градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Сакам да изразам сериозна загриженост за безбедноста и сигурноста на дечињата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост во Автокоманда.
Како родител на дете кое до неодамна ја посетуваше градинката сериозно ме вознемири информацијата дека две годишно дете успеално да го напишти објектот на градинката без тоа да биде забележано од страна на вработената која е задолжена да се грижи за децата.
Информацијата за овој случај ја добив од загрижени родители во текот на вчерашниот ден.
Недозволиво е дете кое е оставено на згрижување во детска градинка да го напушти објектот без воопшто да биде забележано.
Како градоначалник на општина Гази Баба барам од Министерството за труд и социјална политика под чија надлежност е градинката Детска радост да ја разреши директорката на градинката, бидејќи наместо соодветна постапка за утврдување на одговорност на вработената, директорката и изрекла мерка усна опомена.
Очекувам Министерката Јованка Тренчевска овој пат да постапи согласно Законот за заштита на деца, бидејќи одговорноста за овој случај, но и за се во иднина е единствено во Министерството за труд и социјална политика“. - пишува Стефковски.
Ново на Сител
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром