Стефаноски: Значително зголемување на буџетот на ГОБ „8 Септември“ во 2016-та
Градската општа болница „8 Септември“ е здравствена установа со најсериозен исчекор во делот на фактурирање здравствени услуги и воведување нови здравствени услуги и методи кои ќе го подобрат здравствениот систем. Ќе има значително зголемување на буџетот на оваа јавна здравствена установа за идната година и силен фокус на новите методи најавени годинава.
Ова денеска го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Сашо Стефаноски, кој ја посети ГОБ „8 Септември“ и се сретна со директорот на оваа јавна здравствена установа Сашо Стојчев и неговиот стручен тим.
Посочи дека со директорот на ГОБ „8 Септември“ ќе разгледаат кои се методите кои ќе сакаат да ги потенцираат за наредната година, ќе го договорат опфатот на здравствените услуги за тие нови методи, опфатот на здравствените услуги, вкупниот буџет на таа здравствена установа за 2016 година, како и краткорочни и среднорочни визии за натамошен развој на болницата.
ГОБ „8 Септември“, нагласи, е еден од столбовите на македонското здравство и изминатите неколку години се направија извонредни напори од страна на менаџментот на таа јавна здравствена установа за да стане репрезент на македонското здравство.
- ФЗОМ воспоставува една нова пракса, а тоа е дека дел од здравствените установи ќе бидат посетени со цел директно со менаџментите на здравствените установи да се договара опфатот на буџетот за наредната 2016 година, рече Стефаноски.
Појасни дека идејата е нивната администрација да излезе од канцелариите, да дојде во поголемите здравствени установи и директно со нивните менаџери и менаџменти да поразговараат и да ги согледаат реалните услови во кои се работи и заеднички да го договорат новиот буџет за 2016 година за конкретната установа.
- Идејата на новиот буџет е секако развојна, силна наша посветеност е да инвестираме во нови методи и нови интервенции во македонскиот здравствен систем затоа што сметаме дека новите интервенции ќе го унапредат здравствениот систем, истакна Стефаноски.
Годишно во просек во ГОБ „8 Септември“ поминуваат околу 190.000 до 200.000 граѓани, посочи Стефаноски и додаде дека за наредната година ќе има силен фокус на новите методи најавени годинава кои ќе продолжат да ги развиваат, а особено во делот на интервентната кардиологија и радиологија.
- Во делот на интервентната радиологија ќе продолжиме со стентирањето крвни садови и воведување нова листа услуги како емболизации итн., а во делот на интервентната кардиологија ќе продолжиме со коронарографијата и со зголемената дијагностика, интервенциите и со процедурите кои беа воведени во третиот квартал на 2015 година, а тоа е неврохирургијата и ревматологијата. Ќе обезбедиме доволно финансиски средства овие методи да се развиваат во наредната година. Тука се и оние финансиски средства кои ќе бидат испланирани во координација со Министерството за здравство за реконструкција на дел од објектите на ГОБ „8 Септември“, додаде Стефаноски.
Стојчев истакна дека износите кои ги фактурираат, компарираат со 2009 година последна година на Воена болница и сега се три ипол пати зголемени.
- Околу 200 милиони денари во 2009 година, а оваа година 700 милиони денари, што значи дека во материјална смисла три ипол пати сме ја зголемиле нашата ефикасност, но и во бројот на обработени пациенти. Болницата почна со 63 доктори, денес имаме 178 доктори од кои над 160 се специјалисти. Имаме развој во сите домени. Особено акцентот оваа година ќе биде максимална искористеност на целокупната опрема која се става во употреба многу брзо. Воведувањето нови методи секогаш е поврзано со нови средства, рече Стојчев.
Одговарајќи на новинарско прашање потенцира дека нивна примарна инвестиција е реновирање на операциските сали кои не се реновирани 40 години.
- Нашиот план е две по две операциски сали секоја година да реновираме и приматот ќе го дадеме на постоперативното лекување во анестезиолошкиот блок, бидејќи во оваа болница секојдневно се работат се потешки операции кои порано воопшто не се работеле или се работеле во многу мал број. Тука зборувам особено за ортопедијата, урологијата и дигестивната хирургија, додаде Стојчев.
Ново на Сител
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробувал да го убие
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Одбележана 10 годишнината од настаните во Диво Насеље
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар