Ставрев: Во бомбите во случајот „Монструм“ има и интимни и приватни разговори
Во бомбите во случајот „Монструм“ има и интимни и приватни разговори. Ова на денешното рочиште го соопшти судијата Огнен Ставрев, кој рече дека ќе треба да се направи селекција на разговорите, односно точно да се знае во кој дел од разговорите јавноста треба да биде исклучена.
Во доказниот материјал за петкратното убиство има вкупно 38.000 прислушувани разговори и СМС-пораки. Во содржината на разговорите имало и вулгарности, а неизвесно е дали до 18 септември, за кога е закажано следното рочиште, ќе биде направена селекција, односно ќе бидат обележани деловите од разговорите кои јавноста не треба да ги чуе.
Токму бомбите, односно прислушуваните разговори беа новите докази поради кои овој предмет од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал беше предаден во рацете на СЈО. На овие докази чека целата јавност, а и родителите на убиените момчиња. Сведок во оваа постапка треба да биде и премиерот Зоран Заев, кој ги предаде прислушуваните разговори во СЈО.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште