Ставрески:150 илјади работни места значи подобар живот за 150 илјади семјства

Намалувањето на невработеноста, според вицепремиерот и министер за финансии, е реалност и најголеми успех на Владата на РМ во овие девет години.Според вчерашниот податок што го објави Државниот завод за статистика, министерот вели, во Република Македонија има 711 илјади вработени лица што споредено со 2006 година, кога имаше 560 илјади вработени е зголемување на вработеноста, односно новоотворени се 150 илјади работни места.
- Ова е резултат на добрите економски политики, пред се одржувањето на извонреден амбиент за водење бизнис каде што Македонија е рангирана на 12. место во светот, ниските даноци, поддршката на домашните компании преку евтини кредитни линии и преку проекти кои се поддржани со Буџетот и странските инвестиции. Значи една комбинација на мерки и политики во сите сегменти од економијата, вклучително и активните политики што се спроведуваат преку Агенцијата за вработување, изјави денеска Ставрески.
Тој додаде дека од овие 150 илјади новотворени работни места, голем број се креирани во индустријата преку 16.500 работни места, во трговијата има над 35.000 работни места, во транспортот и комуникацијата 24.000 и во сите други сектори, што, според министерот, се работи за еден раст на економијата во сите сектори, што отвора нови работни места.
Истакна дека работни места се креираат и во домашните и во странските компании. Кај странските компании, како што рече, околу 16 илјади работни места се креирани во изминатите години, а кај домашните компании пред се со Проектот „Македонија враобтува“ каде има 10.400 вработувања и со други проекти од Агенцијата за вработување креирани се 24.000 работни места, а со евтините кредити, додаде Ставрески, од Европската банка што ги обезбедивме за домашните мали и средни претпријатија креирани се околу 7.000 работни места.
- Се работи за еден сериозен исчекор во борбата против најголемиот проблем во РМ, а тоа е невработеноста, бидејќи со секое ново работно место се создава подобра перспектива, иднина за оној што се вработува и затоа ќе останаме посветени на понатамошно намалување на невраобтеноста со сите овие мерки и политики и со нови проекти со цел таа да биде сведена под ниво од 22 проценти што е нашата цел за 2018 година, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Ново на Сител
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
-

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
