-->
-->
Ставрески: Ќе се гради патот Прилеп-Градско од 33 километри
-->
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска најави дека наскоро ќе почне изградбата на патот Прилеп- Градско, од 33 километри.
- За Прилеп, еден од најзначајните проекти ќе биде изградбата на патот од Градско кон Прилеп, кој очекуваме набрзо да почне. Се очекува фирмата изведувач да ја достави банкарската гаранција и потоа ќе почне изградбата на патот. Се работи за 33 километри, нов пат во делот на Дреновска клисура која ќе се избегне, рече Ставрески.
Патот ќе биде со четири ленти и, како што рече, ќе овозможи ново, инфраструктурно поврзување со автопатот и со Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За викендот од 1549 издадени платни налози дури 844 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење
-
Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025
-
Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка
-
Шредер МВП на Евробаскет 2025
-
Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели на скопскиот аеродром
-
Притвор за управителот и уште три лица за пожарот во Трубарево
-
Санкционирани 105 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон