Живот
25. October 2017 - 17:32

Ставил паричка под јазик додека правел алкотест, еве што се случило

Овој човек го срушил еден од најголемите урбани митови кога станува збор за начин на измама на алко-метарот.

27-годишниот Анди Месини од Лондон возејќи се во својот автомобил во алкохолизирана состојба, направил сообраќајка, па се обидел да избега од самото место.

Пред да дојдат до него, полицајците виделе дека во устата става паричка, со цел да го ги измами, бидејќи се верува дека вака се намалува концентрацијата на алкохол во организмот.

Тие сепак го натерале да ја плукне паричката, па ја откриле количината на алкохол во крвта.

Месини заработил парична казна од 200 фунти, а судот му забранил возење на автомобил наредните 19 месеци.