Ставени во фунција фонтаните во Куманово

По пауза од три месеци јавното претпријатие „Водовод“ повторно ги пушти во употреба седумте фонтани во потесното градско подрачје во Куманово, информираа денеска од претпријатието.
Претходно, прецизираа, преземени се активности за непречено функционирање на фонтаните.
- Извршено е хлорирање на внатрешните инсталации на фонтаните, заменети се оштетените деловии со нови и наместени се водомери, за да имаме евиденнција колку вода трошат фонатаните, изјави Горан Стојковски, директорот на „Водовод“.
Во наредните денови, најави, ќе се пуштат во употреба и останатите три фонтани во поширокото градско подрчаје, откако „Водовод“ ќе ги набави неопходните делови за нивно сервисирање.
Стојковски апелираше до граѓаните совесно да ги користат фонтаните, бидејќи, како што рече, искуството покажува дека само по неколку денови од функционирањето несовесни граѓани ги оштетуваат пластичните делови на фонтаните, со што се создава дополнителен расход на претпријатието и се трошат непотребни количини вода.
Ново на Сител
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
