Ставен под контрола големиот пожар во близина на Атина
– Под контрола е ставен големиот пожар што кусо пред полноќ изби во населбата Неа Макри во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно беа евакуирани жителите на две населби, јави дописничката на МИА од Атина.
Огнената стихија предизвика штета на неколку куќи, а целосно изгореа неколку автомобили, додека пак во гаснењето учествуваат 112 пожарникари со пет пешадиски тима, 36 возила, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.
Пожарот започна од две жаришта во близина на населени места и преку порака од бројот за итни случаи 112 превентивно беа евакуирани жителите на две населби.
Општината го отвори културниот и спортски парк за да преноќат евакуираните, а обезбедени беа и автобуси за транспорт.
Причините за пожарот, засега се непознати, но градоначалникот на општина Маратонас Стерјос Циркас, говорејќи за „Етнос“ израз 100-процентна убеденост дека е подметнат и потсети дека во истиот дел, пожар имаше и пред десет дена.
Ново на Сител
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната
-
МЗШВ со финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари
-
Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15 отсто за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред школската година
-
Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево на средба кај Дурмиши за цените на храната
-
75-годишна македонска државјанка се удави на Халкидики
-
Убиецот на мајка си во Штип бил поранешен познат угостител