-->
-->
Стартуваше Примера дивизион
-->

Само два гола беа постигнати на четирите натпревари кои во саботата се одиграни во шпанската Примера. Минимални победи забележаа Атлетико Мадрид и Еспањол, додека без голови завршија мечевите Депортиво-Реал Сосиедад и Рајо Ваљекано-Валенсија.
Атлетико не импресионираше во премиерниот меч во новата сезона, но успеа да слави со 1:0 над повратникот во друштвото на најдобрите Лас Палмас. Единствениот гол на мечот го постигна Антоан Гризман во 16.минута. фрнацускиот репрезентативец изведе слободен удар од 25 метри, на патот до голот топката погоди еден од играчите на Лас ПШалмас и заврши зад грбот на голманот Раул.
Еспањол на својот стадион славеше над Хетафе исто така со минимален резултат, а единствениот гол го постигна Севиља уште во третата минута.
В недела ќе се одиграат дуелите Атлетик Билбао-Барселона, Спортинг Хихон-Реал Мадрид, Леванте-Селта и Бетис-Виљареал, додека колото в понеделник ќе го комплетираат Гранада и Еибар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Николоски: Се бара решение за македонските транспортери
-

Штип го зголемува паркинг капацитетот
-

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, Мицкоски ги загрозува пензиите
-

Преглед на вестите од светот
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
