Стартува програмата „ЕУ за чист воздух“ вредна 10 милиони евра
Во присуство на Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и битолскиот градоначалник Тони Коњановски, денеска во Јуроп Хаус Битола, шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир и Микела Телатин, директорка на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија со церемонија на потпишување ќе ја започнат програмата „ЕУ за чист воздух“.
Како што информираат од Делегацијата на ЕУ, Програмата „ЕУ за чист воздух“ има за цел да придонесе за намалување на емисиите на загадувачи и честички во Битола, Куманово, Скопје и во Тетово, со што ќе се подобри квалитетот на воздухот во земјава. Се посочува дека 794 540 жители од четирите урбани центри директно ќе имаат придобивка од: подобрените системи за греење во 70 јавни згради со површина од 200.000 м2, испораката и инсталирањето на три станици за следење на квалитетот на воздухот и засадувањето на 6.000 садници дрвја.
Само главниот град, се наведува, ќе добие шест еколошки автобуси за јавен превоз и ќе биде предмет на физибилити студија за натамошно проширување на Системот за централно греење во Скопје.
Програмата „ЕУ за чист воздух“ произлегува од Европскиот зелен договор и целта Европа да стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година. Буџетот од 10 милиони евра ќе се спроведува во период од три години (до 2026 година) под раководство на УНОПС, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија