-->
-->
Стартува полуфиналето во кошаркарскиот шампионат на Македонија
-->
Во кошаркарскиот шампионат на Македонија денеска со двата полуфинални натпревари започнува плејофот, односно разигрувањето за шампионскиот трофеј.
Бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром ќе ја има предноста на домашниот терен во дуелот со екипата на Куманово која аеродромци ја победија во двете средби од Супер лигата. Првиот меч ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.
Во втората полуфинална пресметка Работнички го пречекува Карпош Соколи. Тимот од „Градски пар“ предноста на домашниот терен ја оствари со поголемата победа во дуелите од Супер лигата во кои екипите забележаа по еден триумф и тоа пред своите симпатизери. И овој натпревар ќе започне во терминот од 19 часот.
Полуфиналната серија се игра во три добиени натпревари, по принципот дома-гости, а вторите средби се закажани за в недела (7 мај) додека третиот на програмата е во вторник (9 мај).
Доколку биде потребно, да се играат четврти и пети натпревар ќе се играат на 12 мај (петок) односно 14 мај (недела).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари