Стартува изградбата на подземна сообраќајница во центарот на Скопје

Изградба на подземна сообраќајница во центарот на Скопје почнува денеска и поради тоа воведен е привремен сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“), кој ќе трае во наредните шест години, сменета е трасата на линијата „9“ и дислоцирана и една автобуска постојка.
Автобуското стојалиште на булеварот „Македонија“ во непосредна близина на катната гаража (наспроти седиштето на „Макпетрол“), привремено е преместено на улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“), после пешачкиот премин кој води до паркот „Урбан парк“.
Сменета е и трасата на движење на автобуската линија „9“, во насока од Клиничкиот центар кон Скопје Север. Автобусите од посочената линија на крстосницата меѓу улицата „Јордан Мијалков“ (поранешната улица „Железничка“) и улицата „Герман“, не вртат лево кон булеварот „Македонија“, туку продолжуваат да се движат право и подоцна се приклучуваат кон булеварот „Македонија“ преку привремена улица пред натпатникот на улицата „Павел Шатев“, при што продолжуваат да се движат по постојната траса на линијата „9“.
Од ЈСП Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
