Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот
Британскиот премиер Кир Стармер, во пресрет на денешниот виртуелен состанок на светските лидери посветен на Украина предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „не е сериозен во врска со мирот“.
На состанокот се очекува да учествуваат 25 лидери, а Стармер порача дека не смее да му се дозволи на Путин да „игра игри“ со предлогот за прекин на огнот што го даде американскиот претседател Доналд Трамп.
Британскиот премиер ги повика сојузниците да ѝ понудат безбедносни гаранции на Украина. Виртуелниот самит е дел од иницијативата „коалиција на подготвените“, која Стармер ја најави при неодамнешната посета на европските лидери во Лондон.
САД предложија 30-дневен прекин на огнот, што го поддржува украинскиот претседател Володимир Зеленски, но Москва сè уште не го прифати. Трамп, сепак, останува оптимист, оценувајќи дека неговите неодамнешни разговори со Путин биле „добри и продуктивни“.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртел на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило