Живот
10. April 2016 - 20:12

Старец се истетовира на 104 години и влезе во Гинис

Британецот Рејнолдс (104) од Честерфилд отиде под иглата на тату уметникот за да ја направи својата прва тетоважа во животот.

Во прашање се неговиот прекар и датумот на раѓање „Џеко 06.04.1912. година”, кои ги истетовира на рамото.

Неговата постапка влезе во Гинисовата книга на рекорди, а друштво на старецот му правеле ќерката (55) и внукот (35), кои исто така направиле идентична тетоважа.

Од Гинисовата книга на рекорди се изненадени од овој потег и тоа пред се поради учество во категорија што претходно не постоела.

-Категоријата “најстаро лице на светот што добило тетоважа“ воопшто не постоеше, така што Рејнолдс сега е првиот кој го држи тој рекорд, велат од таму.

Во видеото може да погледнето како изгледаше тетовирањето на старецот: