Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено од меѓународните медиуми

Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал „EX-YU Aviation News“ - посочи Николоски.
Нагласи дека во првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30 отсто по број на патници и околу 20 отсто по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија.
-Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава. Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии - потсети Николоски.
Порача дека развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа, како што нагласи, го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции.
Вицепремиерот Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.
-Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено - објави вицепремиерот Николоски на својо фејсбук профил.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
