Старбакс привремено ќе затвори илјадници кафулиња за против-расистичка обука
Компанијата Старбакс планира да организира обука против расни предрасуди за дури 175.000 свои вработени, по инцидентот во Филаделфија, каде двајца Афроамериканци беа уапсени само зашто седнале и ништо не нарачале.
Кога вработена во угостителскиот објект ги прашала гостите што ќе нарачаат, тие рекле дека прво ќе го почекаат пријателот што треба да дојде. Тогаш менаџерот на кафулето повикал полиција со образложение дека „двајцата мажи одбиваат да нарачат или да си одат“.
Видео снимката која ја направија посетители на кафулето ја шокираше јавноста во САД.
Старбакс се извини по инцидентот, а двајцата Афроамериканците набргу беа ослободени од страна на полицијата.
Настанот предизвика бројни протести во кафулето во Филаделфија и повици за бојкот на Старбакс. Поради тоа, компанијата наредниот месец на неколку часа ќе затвора 8.000 свои локали во САД, и ќе организира обука против расизам за вработените.
Ново на Сител
-
Кај уапсените Косовци поради шпиунажа во корист на Србија пронајдено оружје, муниција и гас-маски
-
Од идната недела уште повисоки температури
-
ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
-
Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада
-
Скопје: Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка
-
Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95
-
Битиќи: Нема да се кандидирам за претседател на СДСМ за да спречам понатамошна фрагментација на членството
-
Изборниот екстерен испит матурантите ќе го полагаат задутре, најмногу пријавени за тестот по Англиски јазик