Стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци
Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените. Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.
-Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат секојдневно, конкретно на правото на приватност и заштитата на личните податоци, а со цел што подобро да се адресираат предизвиците во областа на приватноста кои произлегуваат од зголемената употреба на новите информациско/информатички технологии и глобализацијата во однос на обработката на личните податоци, во Република Македонија почувајќи од 24 август 2021 година, започнува со целосна примена новиот Закон за заштита на личните податоци. Тоа од една страна овозможува нормативно, а со започнувањето со примена и практично усогласување на македонското законодавство во областа на заштитата на човековите права со правото на Европската унија во оваа област, наведуваат од Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП).
Компаниите и претставници на институции и организации од земјите од ЕУ во Македонија и досега работеа во согласност со Европската регулатива односно со нашиот закон, којшто во целост е усогласен со овој документ.
Новиот закон, носи многу промени, а меѓу нив е тоа што секоја компанија, без ралика дали е мала, средна или голема, или институција или организација ќе мора да има офицер за заштита на лични податоци, а заштитата на податоците ќе биде на повисоко ниво од досега со тоа што контролорот на податоците ќе мора да преземе соодветни активности за подобрување, надградба и прилагодување на својот воспоставен систем за заштита на личните податоци.
Ново на Сител
-
Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала
-
Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
-
Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата
-
Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата