-->
-->
Стапи во сила договорот за примирјето во Сирија
-->

Договорот за прекин на огнот во југозападниот дел на Сирија денеска на пладне, по локално време, стапи на сила.
Синоќа, по средбата на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, беше соопштено дека е постигнат договор за прекин на огнот во југозападниот дел на Сирија.
Договорот, што беше направен меѓу САД и Русија, доби поддршка од ОН.
Заменик-специјалниот претставник на ОН за Сирија Рамзи Рамзи изјави оти се надева дека договорот ќе доведе до намалување на насилството во Сирија, како и до постигнување на нови договори во земјата.
- ОН секогаш пробуваат да ги намалат тензиите и ескалацијата на борбите, а јас мислам дека овој чекор е во вистински правец, наведе Рамзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
