Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка.
Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19,5 проценти во првиот и од 19,9 проценти во вториот квартал.
Народната банка го објавува индексот на цени на недвижности врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на теритријата на Скопје.
Андреа Серафимовски од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија изјави дека годинава очекува стабилизација на продажните цени на становите.
- Очекуваме поголема понуда и се надеваме дека 2026 година ќе биде година која ќе биде запаметена како година во која понудата ќе се израмни со побарувачката. Нашите очекувања се дека ќе се гради не помалку од 2025 година во регионите во кои имаше голема трансакциска активност во годината која измина, тука пред се би ги издвоил полошкиот, пелагонискиот но и скопскиот регион, рече Серафимовски.
Последните податоци од Државниот завод за статистика објавени за октомври лани, покажуваат дека од 446 одобренија за градење, 289 (64,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, како и дека е предвидена изградба на 1 177 станови.
Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за третиот квартал од 2025 година, покажуваат дека најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
