-->
-->
Станиќ: Се видов и разговарав со Самсоненко ...
-->

Српскиот ракометен голман Дарко Станиќ, потврди дека имал разговори со првиот човек на Вардар,Сергеј Самсоненко, но дека засега нема нишко конкретно околу неговиот ангажман во редовите на европскиот и македонски шампион.
Дарко Станиќ во моментов е без ангажман откако ракометот во Катар влезе во проблеми. Беше виден неколкупати во Скопје, а тој вели дека секогаш со задоволство го посетува главниот град на Македонија.
„Во последните два месеци бев во Скопје петпати, но сето тоа беше од приватни причини. Се видов и со Сергеј Самсоненко. Муабетевме на многу теми и на приватен и на професионален план. Падна разговор и на тема Вардар. И тој и јас имаме многу идеи што и како би требало да биде. Меѓутоа сето тоа беше само разговор. Немам ништо потпишано“,вели Станиќ во интервјуто за „24 ракомет“.
Станиќ во моментов е без ангажман, откако ракометот во Катар влезе во проблеми.
„Проблемите во коишто е Катар и спортот во оваа земја придонесоа да ја завршам соработката со Ел Џаиш. При крај сум со кариерата и не сакам на сила да одам некаде. Професионалниот живот со ракометот остава простор од едвај еден месец во годината, па сега малку се посветив на ова. Тоа не значи дека доколку се појави добра понуда нема да можам за неколку дена да влезам во тренажен процес“, дополнува српскиот голман кој како член на Металург ги собра симпатиите на македонските навивачи.
Откако беше потврдено дека Арпад Штербик по завршувањето на тековната сезона ќе замине од Вардар, се почести се шпекулациите за враќање на Станиќ во Македонија, и тоа во редовите на Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
