-->
-->
Станиќ на голот на Србија на ЕП во Полска
-->

Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ, решил повторно да настапува за ракометаната репрезентација на Србија. Како што пренесува Спортски журнал, селекторот Дејан Периќ се договорил со Станиќ тој да биде во тимот кој ќе настапи на ЕП во Полска.
„Разговаравме конкретно и долго. Нашите визии се поклопуваат и во интерес на ракометот Дарко ќе ѝ помогне на репрезентацијата на ЕП во Полска. Тој има желба, поседува огромно искуство, а тоа е добитна комбинација“, изјавил српскиот селектор Периќ.
Претходно предводникот на Србија се договорил и со Жарко Шешум и тој по подолга пауза да се врати во националниот тим.
ЕП во Полска ќе се игра од 15. до 31. јануари наредната година, а Србија е во А групата заедно со Македонија, Франција и Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
