Стандардизација во такси превозот за подобра туристичка слика
Воведување стандардизација во такси превозот ќе ја смени сликата во туристичките центри, смета претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија Крсте Блажески.
Такси превозот, според него, треба да биде регулиран, да се исцртаат местата за паркирање на возилата, да се униформираат и да не се создава непотребна гужва.
- Треба да бидат регулирани и униформирани, да се исцртаат местата каде треба да стојат, а не едно возило да зафаќа место за три. Глетката на влезот во Охрид кај пазарот е секогаш со 100 такси возила и се создава непотребна гужва. Истото се случува и во Струга, но и во други места. Тие пак би ги давале услугите, но да има ред, истакна Блажески.
Смета дека треба да има одредено место за паркирање такси возила, кои преку такси станиците ќе добиваат бројчиња и на станицата ќе има не повеќе од 10-20 возила во еден момент.
- Се знае колку треба да бидат и да се најдат поблиски паркинзи на кои таксистите таму би ги доисполнувале. Тоа е една неубава слика за странскиот гостин. Не можеме да му докажеме на странскитот гостин дека тоа неможеме да го средиме, тоа е минимално нешто што треба прво да се среди, вели Блажески.
Првиот човек на ХОТАМ посочува дека треба да се постават ценовници на видни места кои ќе важат еднакво за сите, како во такси превозот, така и кај педалинките и кајчињата.
- Треба да се воведе ред и во цените, да се постават ценовници колку чинат тие превози да не биде еден за 1.000 денари, друг за 3.000 да ја дава истата услуга. Тоа е стандардизација за која треба да се погрижат општините и треба многу брзо да се среди, нагласи Блажески.
Стандардизација, како што подвлече, треба да се воведе и во сместувачките капацитети и да се знае што чини 10, што 20, а што 5 евра, а да не да се продава некаде сместување за 100 или 150 денари. Бројот на хотелските и приватните сместувачки капацитети, смета тој, треба да биде сразмерен во однос 3:1, а не да има повеќе приватни легла од хотелски.
Ново на Сител
-
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-
Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул
-
Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад
-
Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико
-
Рама: Албанија три дена ќе биде центар на Европа
-
Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел
-
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО