-->
-->
Станала најстарата мајка, баба родила тројка!
-->

Шерон Катс родила тројка во 55-тата година од животот и така станала најстарата мајка во Велика Британија.
Децата Мејсон, Рајан и ќерката Лили ги добила со својот дечко Стјуар Рејнолдс (40), иако двајца имаат поголеми деца од нивните претходни бракови.
Шерон забременила со ин витро оплодување во клиника на Кипар, бидејќи во нејзината земја овој метод на оплодување се одобрува на жени до 42 години.
"Знаев дека постои можност да имам повеќе бебиња, но кога ни рекоа на ултразвук дека се слушаат срце-отчукувања на три бебиња бевме шокирани. Плачевме од среќа", рекла Шерон.
Овој брачен пар од Бостон подигнал кредит од 15.000 фунти за да ги подмири медицинските трошоци во врска со бременоста.
Поради нејзините години бременоста била ризична па докторите неколку пати ја советувале да ја прекине, но таа одбила.
Тројката е родена со царски рез по 11 месеци престој на Шерон во универзитетската болница Нотингем и тежеле во просек по 1,81 килограм.
За време на престојот во болницоата како што пренесува Гардијан, Шерон си вбризгала ботокс во лицето и ставила екстензии за да биде уште поубава кога бебињата ќе се родат.





-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
