Стаменковска-Стојковски: Во Општина Ресен е спроведена незаконска постапка за вработување
Дополнителната заменичка министерка во Министерството за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојковски денеска најави дека ќе достави претставка до Државниот управен инспекторат за испитување и поништување на, според неа, незаконска постапка за вработување во Општина Ресен.
Таа тврди дека на 10 октомври минатата година градоначалникот на Ресен распишал оглас за вработување на работници на неопределено време и покрај тоа што добил известување од Министерството за информатичко општество и администрација дека согласно годишниот план за вработување и согласно законот за основа на тие вработувања, е невалиден.
– Сепак ова не било доволно градоначалникот да ја запре постапката на овој невалиден оглас, со што очигледно потребата да ги задоволат нарачките за вработување биле поважни од тоа да се почитува законот, нагласи Стаменковска-Стојковски.
– Со ова сакам да ја известам јавноста дека денеска лично ќе доставам претставка до Државниот управен инспекторат, како орган кој што е надлежен за надзор за спроведување на законот за вработените во јавниот сектор, да ја испита и да ја поништи незаконската постапка за вработување во ова институција од јавниот сектор, информира дополнителната заменичка министерка во Министерството за информатичко општество и администрација.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди