Сталоне емотивно се збогувал со Роки: "За жал, на сè му доаѓа крајот"
Американскиот актер Силвестер Сталоне порачал дека дошло време да се опрости од улогата на боксерот Роки Балбоа, ликот кој го глумел во дури седум филмови.
"За жал, сè мора да пројде ... и да се заврши", напишал Сталоне покрај видеото кое го објавил на Инстаграм минатата недела, седум дена по почетокот на прикажувањето на "Creed II" во САД.
"Ова е веројатно моето последно родео, тоа што се случи... никогаш не го очекував", изјавил 73-годишниот актер во видеото.
"Мислев дека приказната за Роки заврши во 2006 година и бев задоволен со тоа, но потоа се појави младиот Мајкл Б. Џордан и целата приказна се промени".
Балбоа, ликот кој Сталоне го глуми, се појавува во шест филмови од кои последниот се прикажуваше низ кино салите во 2006 година, а потоа повторно во 2011 година во филмот "Creed" во кој Роки станува тренер на главниот лик Адонис Џонсон, кој го глуми Џордан.
Во 2016 година, улогата му го обезбеди на Сталоне и неговиот прв Златен глобус - 40 години откако беше номиниран како сценарист за првиот филм во низата, во 1976 година.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници